Трилече, по оригинален рецепт од Костарика

АКЦИЈА
loading...

Националните јадења претставуваат една многу важна компонента на културата и традицијата на една земја.

Ќе се согласите дека ниедно патување не би било комплетно, доколку не вкусите некој од локалните специјалитети.

Понекогаш неверојатно вкусни, понекогаш чудни и необични за нас, но сепак, овие специјалитети го одразуваат идентитетот и духот на народот.

Ова е еден токму таков специјалитет кој потекнува од Костарика.

Состојки
За тесто:

1 ½ чаша брашно
1 чаша шеќер
½ чаша млеко
4 јајца
1 прашок за пециво
2 лажички цимет
½ лажица сол
За прелив:

250 g млеко
100 g млеко во прав
400 g кондензирано млеко
1 ¼ чаша млеко
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Измешајте го брашното со прашокот за пециво, солта и циметот.

Измешајте ги жолчките со 4 лажици шеќер. А, во посебен сад направете пена од белките и додадете го преостанатиот шеќер. Мешајќи, додадете го брашното, жолчките и млекото.

Печете го тестото околу 40 минути.

Измешајте ги сите состојки за преливот и прелијте ја тортата. Декорирајте по желба.

loading...