Рецепт за падобранци со бадем и чоколаден крем

АКЦИЈА
loading...

Ако постојат колачи за кои буквално има тепачки во нашата куќа, тоа се дефинитивно падобранците. Дојдени сме дури дотаму што кога и да се прави нешто друго слатко, коментарите се од типот “а не можеше да направиш нешто попаметно, како на пример падобранци???“. Навистина се можеби малку мачни за правење, ама верувајте, фантастични се.

Измиксајте ги белките со шеќерот, да се добие цврст шам. Шеќерот во прав измешајте го со бадемите и кафето и додајте го во белките. Убаво измешајте го, да се добие не многу течна смеса.

На плех прекриен со хартија, со помош на најлонче на кое сте му го пресекле врвот, истискувајте по малку од смесата. Оставајте простор меѓу нив зашто малку нараснуваат.

Сега приклучете ја рерната на 150 степени и кога ќе се загрее ставете го плехот. Печете петнаесетина минути.
Оставете ги да се изладат па потоа извадете ги од плехот.

За филот, убаво измиксајте ги жолчките со шеќерот па ставете ги на пареа се додека не се добие убав, густ крем (околу десетина минути).

Ставете го чоколадото да се растопи и тргнете го да се олади. Потоа измиксајте го со путерот и додајте ги оревите.
Филувајте ги и оставете ги во фрижидер некој сат пред да ги служите.

По вкус и изработка се слични со макаронсите, само што овие се многу полесни за правење.

loading...