Ременски: Тие што шират параноја дека Македонците ќе ги снема, тие се сомневаат дека воопшто Македонците постоеле

АКЦИЈА
loading...

– Историјата сведочи дека Македонецот опстојувал и опстои, се бори за себе и се докажува само кога е исправен пред историски предизвик. А тогаш, тогаш Македонецот секогаш знаел да продолжи да се бори, да опстојува и да се докажува. Така било некогаш, така е и денес. Не сите и во минатото и денес знаеле/знаат да го препознаат историскиот момент и предизвик што ќе ги оддржи; и, не сите тогаш и сега знаат да докажат и покажат што е вистинскиот македонски патриотизам и како се штити македонското.

Низ премрежјата минати и сегашни, многумина промениле и вера и национална припадност, држави – заради страв, привилегија, незнаење, желба или присила. Тие кои не го сториле биле водачи на оние кои низ предизвиците оделе напред. Изоделе долг пат, години, децени и векови до денес за да ја пренесат пораката на оние кои водат и знаат да ја прочитаат таа порака, а таа е дека оваа земја низ историјата ја нарекувале, именувале и присвојувале …, сме биле и под турско, под српско, бугарско, но сме останале земја македонска – една и единствена. Затоа што Македонија и македонското не ниту во северното, ниту во јужното, ниту во источното или западното; таа не е во зборот, придавката. Македонија и македонското е во секој еден граѓанин кој тука и ширум светот го носат во себе и со себе својот македонски јазик и копнеж за подобра иднина за себе, на своите тука и каде или каде да се. Македонија и македонското се брани со желбата и одлуката да се избере пат за подобра иднина тука, наспроти пат за миграција надвор.

Тие што заговараат и шират параноја дека, Македонија и Македонците ќе исчезнат и ќе ги снема, тие се сомневаат дека воопшто Македонеците постоеле. Затоа, современиот предизвик за континуитет и национален развој на Македонецот и македонското лежи во свеста за предизвикот утре и непоколебливост пред себеидентификацијата како Македонец под притисок на гола манипулација од оние кои и во минатото и денес фрлале/аат сомнеж на Македонија, македонскиот идентитет и македонскиот јазик како константи кои не се менува ниту денес. Напротив, тие константи добиваат меѓународна потврда и од оние кои историски и денес не негирале од надвор и од внатре и се самонегирале себе си. Тој што се сомнева дека ќе постои, се сомнева дека воопшто постоел. Тој се плаши од предизвикот да го продолжи и обезбеди континуитетот и прогресот на Македонија таму каде што таа припаѓа – во светот на прогресивните сили со нејзините пријатели и поддржувачи. Да живее Македонија!, истакна Фросина Ременски, по повод денешниот празник 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Извор: 1tv.mk

loading...