ЌЕ СЕ НАЕЖИТЕ: Маестро Џамбазов со моќни стихови ѝ ја честита независноста на Македонија (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Џамбазов последниве денови ги минува во Западна Македонија. На планина, крај, река, во природа, на чист воздух, опкружен со убавините на својата мила татковина, Република Македонија.

Но и покрај опиеноста од прекрасните падини на Бистра, тој не заборави на својата мајка Македонија да ѝ го честита роденденот, 8-ми септември, денот на независноста и осамостојувањето. На неа и нејзините граѓани, на сите Македонци.

А тоа го стори на најдобар можен начин. Со стихови, силни, моќни, горди, достоинствени…

Со стихови од кои ти иде да се наежиш, морници телото да ти го полазет, срцето од градите да ти излезе биејќи од возбуда, очите ширум да ти се ококорат од патина, челото високо да ти се крене од гордост…

„Стиснете ги тревките, неа ќе ја исцедите,

наслонете се врз каменот, името ќе и го чуете,

симнете се во рекине, дното со неа ќе ве почести,

легнете да си починете, ноќта со неа ќе ве покрие…

Еве ја таа проста земја од грч… и од чекање,

што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски,

а никој – не ја знае“!

loading...