Славчо Попоски за времето во септември… за ако се мислите дали уште има време за плажа

АКЦИЈА

Tопли летни денови ќе има и во текот на овој месец што значи дека граѓаните ќе може да поминат време на плажа.

Ова е според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски.

Значително потопла треба да биде следната недела кога максималните дневни температури на воздухот би се искачиле во интервалот од 27 до 34 степени.

„Времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност, а повремено можна е и нешто позначителна локална облачност, па така има услови за локален краткотраен дожд. За време на овој викенд и тоа особено во сабота има услови за локален пороен дожд и грмежи“- вели Попоски.

Додава дека изразен влажен бран засега не треба да очекуваме.

loading...