Мицкоски кажа кога се изјасни за референдумот

АКЦИЈА
loading...

По долго држење во неизвесност и неизјаснување околу референдумското прашање денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека следната недела неговата партија ќе излезе со став.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува членството на Македонија во НАТО, и интеграциите во Европската унија и во Алијансата се од стратешки интерес за земјава, е истакнато на денешната средба меѓу генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски на средбата посочил дека договорот со Грција е неприфатлив за партијата и е надвор од нејзините познати принципи и начела и оти ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање, соопшти прес-службата на партијата.

„Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата“, пишува во соопштението во кое се додава дека „власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот што се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се досега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба„.

loading...