Близнаците Тео и Тони, кои живеат со своите дедо и баба во Долно Лисиче, добија струја

АКЦИЈА
loading...

После многуте објави, пишувања и апели, близнаците Тони и Тео, денеска добија струја.

Тони и Тео се близнаци кои живеат со своите баба и дедо, а напуштени од родителите.

Тие веќе нема домашните задачи да ги пишуваат на свеќа. Хуманите граѓани донираа на сметката на ЕВН и помогнаа да се реши еден од многуте проблеми со кои се соочува ова семејство.

Откако им е пуштена струја, сега се апелира до хуманите електричари, да помогнат, да се покажат на дело, така што ќе им помогнат за инсталација, затоа што претходната е застарена.

Седумгодишните Тони и Тео, оваа година за првпат добија можност да отидат на летување. После многуте стории, скопска агенција им го озвоможи тоа.

loading...