Видео: Запознајте го Матеј, единственото прваче во Маврово

АКЦИЈА
loading...

Македонскиот шоумен, актер и ТВ водител Игор Џамбазов почетокот на училишната година ја дочека пред влезот на едно училиште. И тоа основно… И тоа не било каде, туку во Маврово! Не, не решил Џамбаз да почне во животот „од ново“. За тоа ниту има време, ниту има потреба.

Имено, македонскиот шоумен беше таму за да пречека едно прваче. Не било кое и не било какво. А, еве и зошто! Малиот Матеј е верувале или не, единственото прваче во новата училишна година во основното училиште Денче Дејановски во с. Маврово. Па сега ти види Македонијо, како стоиме со наталитетот и на кое дереџе е дојдена македонската нација, особено во западниот дел на Македонија?!

Арно ама, не беше Џамбазов заради наталитетот таму, туку на малиот Матеј да му изрази срдечно добредојде на првиот училишен час, а патем овој раритет, да го овековечи во кусо видео и со него да ја запознае јавноста.

Дочекот секако повеќе од срдечен, изненадувањето за семајството и малиот Матеј големо, неговата возбуда огромна…

И покрај „хендикепот“ што не ќе има другарчиња – првачиња со него во училницата и училишната клупа, Матеј прилично стамен, смирен и сталожен се соочи со предизвикот да се биде „уникатно прваче“.

Неговиот одговор на прашањето: „Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш?“ ги изненади, ама и ги изнасмеа сите присутни на неговиот прв училишен час.

Погледнете го видеото:

Брзај, брзај прваче…

Игор Џамбазов во посета на првиот школски час во Основното училиште "Денче Дејаноски" во село Маврово.#Вдахновениот

Публикувахте от Прикаски За Мали Деца в Понеделник, 3 септември 2018 г.

loading...