Учебната нова, учебниците стари …

АКЦИЈА
loading...

И оваа година, децата во основното образование ја започнаа со искинатите и уништени учебници од предходната генерација. На социјалните мрежи многубројни се реакциите на родителите кои се жалат на искинатите и уништени учебници кои ги добиле нивните деца.

-Мојот син вчера ги донесе книгите само една е сочувана останатите се парталав, испокинат, пополнет, вели Марија, мајка на четвртооделенец.

Останатите ученици кои немаат добиено книги на часовите цртаат или го повториваат стариот метеријал, пишуваат загрижените родители.

-Решаваат на наствни ливчиња задачи, ќерката веќе трет ден оди само со тетратка и моливче. Останатите часови им се по физичко..

Учебна година започна со повисоки плати за наставниците, корекции во 24 учебници за кои нема прецизирано датум кога ќе стигнат до учениците.

Но, изостанаа крупните реформи најавени од претходната министерка Дескоска, како и очекуваните нови закони за основно и средно образование.

loading...