Понудата на Фетаи за употреба на јазикот може да ја користам во Зимбабве, Кина или Јапонија

АКЦИЈА

Кавга во судница настана помеѓу обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, судијата Огнен Ставрев кој ја води постапката, како и обвинетиот Тачи. Обвинетиот Тачи, повикувајќи се на законот за употреба на јазиците кој се уште не е објавен во Службен весник, си ги бараше правата во судница и не сакаше да прифати овластениот судски преведувач да седне до него во судница.

Обвинителката Фетаи рече дека ако на Тачи не му се преведува текот на постапката, како и записниците од исказите на сведоците, можно е откако ќе заврши постапката за „Титаник-2“ да го злоупотреби тоа и да се жали дека му е повредено правото на употреба на мајчиниот јазик. Фетаи упорно инсистираше судскиот преведувач кој беше седнат на неколку метри од Тачи да седне до обвинетиот. На ваквото барање реагираше претседателот на ДПА, посочувајќи дека тоа што му го нуди обвинителката Фетаи можел да го користи како право во Зимбабве, Јапонија или во Кина. Тачи посочи дека е недозволиво неговото барање за почитување на законот за употреба на јазици да биде толкувано како тенденција да го одолжува судењето, а со тоа СЈО да сака да покаже дека бил нечесен. Како пратеник и член на албанска партија, Тачи додаде дека не злоупотребувал никакво право и ѝ појасни на обвинителката Фетаи дека има одредби и во Уставот и во законот.

Упорноста на Фетаи да го пренесе судскиот преведувач до Тачи ја прекина судијата Ставрев, обраќајќи ѝ се со зборовите: „Госпоѓо Фатиме, обвинетиот Тачи не сака преведувачот да седи до него“.

На денешното рочиште во судница присутни беа Виолета Дума, Борис Кондарко и Субхи Јакупи кои на минатото рочиште одговараа на прашања од СЈО, а денес требаше д аги испрашуваат обвинетите и одбраната. Но, поради преводот околу записниците од минатото рочиште со исказите на сведоците, судијата Ставрев одлучи судењето да биде презакажано за 1 октомври.

MKD.MK

loading...