Таткото на херојот Марко казнет со 300 евра, Охриѓани веќе се понудија да ја платат казната

АКЦИЈА
loading...

Таткото на херојот, Марко Пејчиноски кој го преплива Охридското езеро на само 12 години, бил казнет со 300 евра поради тоа што го прател неговиот син со нерегистрирано кајче, пренесува „Охрид скај“.

Од страна на Капетанијата на пристаништа на Република Македонија – Охрид, поради завршувањето на сообраќајната дозвола на неговото кајче, Тони Пејчиновски добил казна од 300 евра.

Ова се случило една недела пред херојот Марко да го преплива Охридското езеро, односно на секојдневниот тренинг кој го правел со неговиот неговиот татко.

Ваквиот потег на Капетанијата предивика бура од негодувања кај охриѓани, но и сите засегнати страни, бидејќи тие знаеле со која цел биле секојдневните тренинзи во езерото – малиот Марко мора да плива, најмногу поради здравствените причини кои ги има (инфаркт на долни екстремитети).

Охридскај јавува дека за целиот овој случај  жалење покажал капетанот Горан Устијаноски, но според неговите зборови, тој немал надлежност да преземе било што бидејќи прекршокот бил регистриран од езерската полиција.

За среќа, веќе се најдоа Охриѓани подготвени да ја платат казната во име на Марко и неговиот татко.

“Јас Климент Лотески и мојот брат Јован Лотески уште утре спремни сме да ја платиме казната кои ја изрекле господата од Капетанија и Езерска Полиција од Охрид и ќе ја платиме. Воедно нашата фирма „Лоте Компани“ на младиот Херој Марко ќе му врачиме една мала скромна награда во висина од 500 евра годишна стипендија, но спремни сме во секој поглед и понатаму да ги поддржиме и спонзорираме сите пливачки натпревари на овој најголем човек на македонското пливање во историјата.

И јас и брат ми од кога знаеме за себе сме во езерските води, но ваков херој како Марко се раѓа еднаш на 100 години. Згрозени сме од срамниот чин на Капетанијата, но уште сме погорди што во последните години се роди дете, кое и покрај сите свои здравствени проблеми, успеа да го преплива Охридското Езеро, во временски услови во кои и најголемите маратонски имина се откажувале. Марко, ние брајката Климе и Јован Лотески, горди сме на тебе иако лично не те познаваме, но тебе и на твоето семејство, секогаш ќе Ви бидеме верни пријатели и секогаш од срце ќе помагаме за сите идни ваши потреби“, ќе истакне Климе Лотески сопственик на градежната компанија „Лоте“.

Извори: Спорт.мк / Денешен.мк

loading...