Ахмети: Нема шанси да не успее референдумот, за Албанците не постои „план Б“

АКЦИЈА

Објавено на ТВ 21

Референдумот нема шанси да не успее. Ова е ставот лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Поранешниот член на германскиот Бундестаг, Рајнхолд Робе е оптимист за членството на Македонија во северно-атлантската алијанса. Безбедноста е најголемата придобивка што ќе ја има Македонија од оваа членство, смета Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Не постои план Б за Албанците доколку референдумот не успее. Како политичар кој го има мнозинството гласови од Албанците, Али Ахмети смета дека нема потреба ниту да се разговара за евентуален неуспех на референдумот. Лидерот на ДУИ е убеден дека референдумот ќе помине, бидејќи тоа е барање на самите граѓани.

„Како политичар што ја има најголемата поддршка од Албанците, кој е планот Б доколку не успее референдумот? Каде треба да одат Албанците.

Јас мислам дека не треба да се занимаваме со прогнози, референдумот ќе успее. Сите Албанци очекуваат членство на земјава во ЕУ. Сите граѓани очекуваат членство во НАТО. Сите граѓани очекуваат стабилна безбедност во земјава и регионот и јас не сакам да прогнозирам дека референдумот ќе пропадне, туку ќе биде успешен, бидејќи токму тоа е во интерес на очекувањата на граѓаните“, вели Али Ахмети, лидер на ДУИ.

И поранешниот член на германскиот бундестаг, Рајнхолд Робе е оптимист за членството на Македонија во северно-атлантската алијанса. Тој рече дека НАТО не треба да се гледа како воено средство за решавање на проблемите.

„Ова го велам за да ги убедам скептиците. НАТО не е формирано за да војува. Не е формирано да на прво место наоѓа воени средства за решавање на политичките проблеми. НАТО пред се е заедница на вредности на западните држави“, рече Рајнхолд Робе, поранешен член на германскиот бундестаг.

Безбедноста е најголемата придобивка за Македонија од членството во НАТО. Не само одбрана од конфликтите, туку и одбрана што доаѓа како логистичка помош од Алијансата, смета министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. А кога една држава е безбедна, тогаш има и повеќе инвеститори и повеќе работни места.

РЕПОРТЕР: ФУРКАН САЛИУ

loading...