Заев не толку одамна: Боли кога поголемиот сосед ќе ти влезе дома и ќе каже… (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

„Ме боли кога поголемиот сосед ќе ни влезе во дневната соба и ќе каже ти ќе се викаш вака, сопругата ќе ти се вика така. Тоа е за дома, е тоа е проблем.“

Ова е само дел од изјавите на Заев во едно не толку далечно минато, кога зборуваше дека како влада се подготвени јасно да ја разграничат меѓународната употреба од таа дома, било да се однесува тоа на Република Македонија, ФИРОМ или новото евентуално договорено име. Како што нагласи Заев во интервјуто, цитатот од погоре би била посебно болна опција, и би било исто како некој да ѝ наметне внатрешно име на Швајцарија или Германија, кои едно се нарекуваат дома, а под друго име се ословуваат во меѓународната комуникација.

 

loading...