Внатрешна промена – ДА, но не на името!

АКЦИЈА
loading...

Гледаме дека ниту ‘едните’ ги биваше, ниту пак ‘другите’ ги бива сега.

Да гласаш за истите две партии и да бидеш поделен со блиските ради омразата која ја креираат самите станува лудост. Исто како да сакаш да стигнеш до Охрид на трака за трчање. Ти може ќе го направиш телото за на плажа, но илузивно е..никаде не си стигнал. Може ќе бидеш во право во одредени моменти, но си го изгубил блискиот без конкретна поента.

Исто како да се лизгаш надоле по спиралата на смртта. Имаш надеж дека утре можеби ќе биде подобро, но не гледаш дека денес е полошо од вчера. Стално се жалиме сите, но не ми личи како нешто да се менува. Се што можеш да постигнеш на овој начин е апсолутно НИШТО.

Прошири ги видиците и почни да гледаш и мислиш ‘outside the box’ каде има други опции и варијанти за нашата иднина, но не и ‘outside the borders’. Just saying. Секаде ги има истите проблеми.

Личен е изборот како ќе изреагираш и дали ќе потпаднеш на масовната манипулација во средината каде се наоѓаш.

Личен е изборот дали ќе трчаш на траката пробувајќи илузивно да стигнеш подалеку, личен е изборот дали ќе ти е сеедно и ќе си останеш во твојата комфорт зона и секако личен е изборот дали ќе сакаш нешто да промениш околу тоа.

Доколку сакаш да промениш – почни од себе. Почни да ги сакаш и тие ‘другите’. Почни да ги сакаш и ‘нивните’. Господ не ги сака само ‘едните’ или само ‘другите’. Не е проблемот во името. Верувајте. Проблемот е во внатрешниот став на секој еден од нас.

Не ја поддржувам промената на името воопшто, но ја поддржувам внатрешната промена во секој еден од нас!

Од Фејсбук статусот на Данаил Ристовски

loading...