Викиликс: „Северна Македонија“ било прифатливо уште во 2008-ма, но со една важна разлика

АКЦИЈА

Објавено на МКД.мк

Македонија била подготвена да го прифати името Република Северна Македонија уште во 2008, ако тоа значело признавање на македонскиот јазик и националност, пишува грчкиот весник „Катимерини”, пренесувајќи белешки на американската амбасада во Скопје, објавени од Викиликс.

Доверливата белешка под наслов „Што им треба на Македонците за да го решат спорот за името” од 29 јули 2008 година била испратена од тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Џилијан Миловановиќ.

Во белешката, како што објавува „Катимерини”, амбасадорката Миловановиќ ги пренесува нејзините заклучоци по средбите со тогашниот претседател Бранко Црвенковски и тогашниот премиер Никола Груевски, кои ја информирале кои услови се прифатливи за земјата.

„Име: Република Северна Македонија (Republic of Northern Macedonia или Republic of North Macedonia)

Употреба: Во сите меѓународни организации, плус билатерално од секоја земја која не сака да го користи уставното име. (иако не се разговарало експлицитно, меѓународните организации би го следел истиот пример, при што мултилатералните би го користеле новото име, а билатерално тоа е опција). Македонија ќе го користи своето уставно име внатрешно, на пасоши, во медиумите итн.

Идентитет: Јазикот и националноста ќе се нарекуваат македонски, но ова би можело да се однесува премолчено, можеби како дополнителен анекс кон Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, или со некој друг внатрешен документ на ОН, кој не е предмет на грчко разгледување/одобрување. На крајот, на Македонија треба да ѝ се гарантира дека нивниот јазик, националност и слично ќе продолжи да се нарекува македонски, а не северно-македонски”, обави Викиликс.

Целата доверлива дипломатска белешка е на следниот линк:

https://wikileaks.org/plusd/cables/08SKOPJE491_a.html

loading...