Шекеринска: Време е нашите деца да ги добијат истите можности како нивните европски врсници (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Макфакс

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со граѓаните и градоначалникот Коста Јаневски, а вечерва ќе учествува и на трибина. На средбата со граѓаните таа им порача на струмичани дека е убедена во нивната поддршка на референдумот кој е патот за Македонија кон ЕУ и НАТО, бидејќи Струмица, како што посочи Шекеринска веќе ги почувствувала придобивките од европската помош со кои се решаваат крупни локални прашања.

„Не треба да гледаме подалеку од нашите соседи и ќе видиме дека во Бугарија двојно пораснаа платите, дека во Романија двојно се намали младинската невработеност, да видиме дека во Црна Гора само во првите 6 месеци оваа година откако стана членка во НАТО повеќе од два пати се зголемија странските директни инвестиции. Кога ќе ги видиме сите овие податоци, ќе го донесеме логичниот заклучок дека членството во НАТО ќе ни ја зацврсти државата, ќе ни ги обезбеди дополнително границите, ќе ја гарантира стабилноста, а членството во ЕУ ќе им даде на македонските млади, на нашите млади и деца шанса да ги имаат истите придобивки кои ги имаат младите и децата во ЕУ – подобро образование, шанса за образование во други држави, шанса за подобра работа и шанса за подобра плата“, истакна министерката Шекеринска.

Гласот ЗА на референдумот е глас за Македонија како држава членка на НАТО, посочи Шекеринска и додаде дека гаранцијата на безбедноста и стабилноста на НАТО е гаранција и за инвеститорите кои сакаат безбедна и предвидлива клима за инвестирање.

loading...