Побрз и полесен за правење, помалку садови за миење: Арапски ајвар – мухамара

АКЦИЈА
loading...

Славниот намаз мухамара доаѓа од арапската кујна, а станува збор за мешавина од ореви, црвени пиперки, сируп од зготвен сок од шипка и леб. Се користи како намаз во многу арапски земји, а најчесто во Сирија и југоисточна Турција.

За разлика од подготовката на ајвар, мухамара бара помалку време.

СОСТОЈКИ:

1 голема печена црвена пиперка
1/2 шолја млад кромид
1 лажичка свежо цеден сок од лимон
1 лажичка мелен кумин
1 лажичка сол
3 лажички сируп од шипка
1 лажичка мелени црвени пиперчиња
5 лажици масло
3/4 шолја ореви
4-6 лажици презла

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте пиперка, кромид, сок од лимон, кумин, сол, 2 лажички сируп од шипка, половина лажичка мелени црвени пиперчиња, 4 лажици маслиново масло и 2 лажици ореви во блендер и блендирајте додека смесата не стане кремаста.

Потоа додајте 4 лажици презла и повторно миксајте до саканата густина. Ако смесата не е доволно густа, додајте уште лебни трошки. Пробајте дали ви одговара по вкус, па додајте уште зачини ако е потребно.

Смесата префрлете ја на чинија, додајте неколку капки маслиново масло, останатата лажичка сируп од шипки и половина лажичка мелени пиперчиња. Потоа, издробете го остатокот од оревите и посипете преку намазот.

Јавно.мк

loading...