Мицкоски: Кој сум јас да му кажам на народот што да прави на референдумот

АКЦИЈА
loading...

Ние сме за НАТО и ЕУ, но сме категорично против овој капитулантски договор кој ни го брише идентитетот – рече денес пред кичевчани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според лидерот на опозицијата, во Европската Унија може да се влезе и без договор за промена на името, но не и без училишта без кров, руинирани болници и корумпирани институции.

„Ме прашуваат дали сме за ЕУ и НАТО, веднаш одговорам да, но сме жестоко против капитулантскиот договорот Ципрас-Заев со кој се подрива нашиот идентитет и е надвор од нашите принципи. Овој договор е против нашиот идентитет и против нашите принципи.“ – потенцира Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ не кажа конкретни детали околу ставот за референдумот, но рече дека за да се спречи спроведувањето на погрешни идеи е потребен сенароден отпор. Потенцира и дека владејачката СДСМ им правеле притисок на ВМРО-ДПМНЕ за да донесат брза одлука со која ќе ги повикаат своите гласачи да излезат на 30ти септември, но Мицкоски е дециден дека политичките партии не се тие што треба да одлучат за националните прашања, туку конечната одлука е на народот.

„Еве јавно ги повикувам да го демантираат аргументот дека со договорот го губиме инсититуционалниот идентитет што е компонента на националниот идентитет и дека со членот 8 од договорот престои ревидирање на историјата, археологијата и културата што е врата Грција да не блокира на патот кон ЕУ во секој момент.“ – истакна Мицкоски.

Членството во ЕУ и НАТО не е „лажна надеж“ како што денеска несмасно рече Мицкоски – реагираат од СДСМ по денешниот протест на опозицијата. Наместо Македонија да ја нарекува изолирана како „остров“, велат дека треба да ја гледа како океан од можности, интегрирана со демократскиот свет, напредна, просперитетна, сигурна и стабилна.

loading...