Членството во ЕУ и НАТО носи повеќе работни места и повисоки плати

АКЦИЈА
loading...

Придобивки од започнатиот процес на интегрирање на Македонија веќе се чувствуваат и дополнително ќе се интензивираат со влезот на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, што ќе ја зголеми довербата во македонската економија и ќе донесе повеќе странски инвестиции и нови работни места, соопштија од СДСМ.

„Во првото полугодие од годинава забележан е рекорден влез на странски директни инвестиции во Македонија од 327 милиони евра. Тоа е за трипати повеќе во однос на истиот период од минатата година. Забележан е раст на извозот од технолошко индустриските развојни зони за 17 отсто во споредба со ланскиот период од првото полугодие. Зголемен е бројот на работници во индустријата за 7,2 отсто. Сето ова покажува дека трендот на инвестирање во индустријата во Македонија е со забрзано темпо, економијата е поставена на стабилни основи и Планот за економски раст дава резултати“, стои во партиското соопштение.

Од владејачката партија додаваат дека отворените врати за членство во ЕУ и НАТО и успешните економски политики носат повеќе пари и затоа граѓаните на претстојниот референдум треба да се изјаснат за повисоки плати, за економски раст и за европска Македонија со развиена економија.

loading...