Нова фирма на пријател на Заев го доби бизнисот со возачки дозволи во Струмица пренесе Алфа

АКЦИЈА
loading...

Компанијата Испитен Центар Струмица, која доби лиценца за спроведување на возачки испити во Струмица од страна на Министерството за внатрешни работи, е во сопственост на пријател на премиерот Зоран Заев – Стојан Иванов, објави телевизијата Алфа.

Според телевизијата, Иванов, кој му е пријател на Заев од средно училиште, ја формирал компанијата неполни 2 месеци пред распишаниот конкурс од МВР на 25 јуни.

Исто така, на овој конкурс лиценца за спроведување на возачки испити доби и новоформирана фирма во Скопје Авто испитен центар на Виктор Серафимов, формирана само 7 дена пред да биде распишан конкурсот.

loading...