ДУИ и официјално „за“ референдумот

АКЦИЈА
loading...

Централниот одбор (ЦО) на Демократската унија за интеграција (ДУИ) доцна синоќа усвои Политичка платформа за референдумот а со цел интеграција на Македонија во НАТО и Европската Унија.

„Свесни за важноста на овој заеднички предизвик и определени да ги исполниме сите обврски во овој процес, членовите на Централниот Одбор на ДУИ ги потврдуваат политичките определби и истакнатите демократски вредности во Политичката декларацијата за основањето на партијата. Констатираат дека Евроатлантскиот курс на Македонија и на регионот е единствена алтернатива за заедничката иднина на Македонија и регионот. Ценат дека референдумот од 30 септември е определба за подобро демократско општество, со целосно владеење на редот и законот како и со беспоштедна борба против корупцијата и организираниот криминал“, пишува во соопштението на партијата.

На синоќешниот состанок. членовите на ЦО го задолжиле Централниот штаб на ДУИ и нивниот лидерАли Ахмети да дејствуваат во согласност „со огромното мнозинство на Албанците и другите граѓани во кампањата „ЗА„ и да соработуваат со политичките партии, академската заедница, создавачите на јавното мислење, интересните групи и медиумите во кампањата за Европа и за НАТО“.

„На 30 септември, постојат само две опции, едната е за европска Македонија додека другата е против. Без двоумење и со неспоредлива посветеност, ДУИ со сите свои капацитети, ќе се ангажира за успехот на референдумот и победа на прогресивните сили во земјава. Ја повикуваме и албанската и македонската опозиција да се приклучат на заедничкиот успех, бидејќи од постројувањето на нашата земја во Брисел придобивка има државата и граѓаните, придобивка има и опозицијата. Исто така, ги повикуваме тие што се уште се двоумат и ги калкулираат нивните позиции за дневно политички потреби, да се надминат себеси и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата“, велат од ДУИ по синоќешниот состанок на ЦО на партијата.

Тие упатија апел и до дијаспората на 30 септември да го подржи референдумот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.

loading...