Братот на Богдан Илиевски со порака до Павле

АКЦИЈА
loading...

Атанас Илиевски, брат на Богдан Илиевски преку својот ФБ профил испрати порака до пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски.

Во продолжение интегрално го пренесуваме сттаусот на Атанас Илиевски:

Вака пајче,

прво Богдан не може да одговара за своите постапки бидејќи нема утврдена вина за неговите постапки односно не е осуден за никакво кривично дело.

Второ треба да имаш чист образ и да си достоен да му подадеш рака на Богдан…. да Богдан се вика човекот на сликата на кого го држиш за рамо.

Трето, институциите гледаме каква работа “вршат”, а како ќе ја завршат не зависи ниту од тебе ниту пак и од твојот “шеф”… така да одлуката ти дали ќе држиш лутина или гнев воопшто на никој не му е битна, ти треба да се грижиш дали некој на кој “си му подал рака” ќе држи гнев и лутина на твоето фолирантско однесување кога народот ќе ја дознае вистината.

Четврто, за да кажеш дека овој процес е тешко и болно искуство за тебе….. а да , не можеш. Ќе можеше доколку за сите важеа подеднакво законите и правните регулативи , и ќе одговараше како учесник во т.н. шарена. Но да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа и ќе имаш правни механизми и институции и ќе сакаш да ја докажеш својата невиност…е тогаш пајче ќе можеш да кажеш колку некој процес е тежок и болен.

Е тогаш можеби и некој ќе ти подаде рака тебе.

Петто, институциите (читај судовите, односно судиите) верувам дека и покрај сите притисоците ќе си ја завршат работата праведно и достоинствено, односно дека ќе им текне дека се тука за да служат на народот и во име на народот Република Македонија ( сеуште Македонски но благодарение на вас можеби и не уште долго… Македонски), а за право на силата нема потреба да правиме муабет… се гледа манифестацијата на правото на силата преку вашето “за европска”, само “северна” го заборавивте некаде.

Шесто пајче, омразата може да роди само уште поголема омраза, а особено кон фолиранти и измамници.

И седмо пајче, кругот ќе заврши тогаш кога и ти и баграта “шаренолика” ќе одговарате за вашите дејствиа и постапки согласно позитивно правните прописи на Р.М. кои очигледно дека не ги познавате и сте ги прекршиле. Точно, омразата и насилството немаат место во нашата Република Македонија ( читај ваша европска северна), но за тоа треба да мислиш пред за ги започнеш.

Не многу срдечно,

А.И.

loading...