Учебници нема, а најверојатно нема ни да има за 2018/2019

АКЦИЈА

Учебници за средно образование за училишната година 2018/2019 на неколку дена пред почетокот на новата школска сезона се уште нема, бидејќи издавачките куќи ги поправаат големиот број на грешки утврдени од Министерството за образование и наука.

Поради корекции, учебници нема да има на почетокот на училишната година, а тоа може да се заклучи и според договорите потпишани со издавачките куќи пред две недели.

Од неколку издавачки куќи потврдено е дека се уште не се изработени учебниците, кои засега не може да се подигнат ниту бесплатно ниту со купување од страна на поединци, затоа што ова лето посветено се работи на отстранување на фамозните грешки поради кои изминатите години редовно се реагираше од страна на јавноста.

loading...