Бројчаникот почна да врти, ама на веб-страна

АКЦИЈА

Откако во текот на вчерашниот ден најавениот бројчаник од страна на премиерот Зоран Заев беше поставен на Порта “Македонија” од денеска започна да брои, но електронски односно на веб страница.

Веб страницата brojchanikot.mk се појави во текот на денешниот ден, но таа не е во сопственост на Владата на Република Македонија. ТВ 21 дознава дека сопственик на страницата е извесен Владимир Барлакоски.

Според податоците кои ги покажува оваа веб страница, вратени се 433.000 евра.

ПОВРЗАНИ НАПИСИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

loading...