Ванковска распали по Јанева …

АКЦИЈА
loading...

„Обвинителката Јанева додаде дека од нејзините слушања на разговорите кои се дел од доказите во предметите на СЈО утврдила дека тогашната владејачка партија ги водела телефонските разговори на сите теми, додека тогашните опозиционери имале сомневање дека ги прислушуваат и биле претпазливи.

Јанева додаде дека за нив нема индиции дека сториле кривични дела и дека треба кривично да се гонат.“

Катица Јанева е секогаш (малку) попаметна кога молчи. Сега треба ли да нацртам дека глупердите од власта си зборувале по телефон се’ што ќе им падне на памет, а опозиционерите си знаеле дека се прислушува, па си биле внимателни да не зборуваат за ништо што ќе ги инкриминира? Треба ли да нацртам кој им кажал на опозиционерите да си го скратат јазикот додека се собира материјалот за „бомбите“?

Притоа, целокупниот материјал им „падна од небо“ токму на овие кои внимавале што зборуваат, па дури и го чуваа доволно долго за да навлезат во приватноста на десетици илјади луѓе, кои беа само колатерална штета на целата операција, а кои и натаму можат да бидат уценувани по една или друга основа.

loading...