Познат слоганот под кој ќе настапи Коалицијата за поддршка на референдумот

АКЦИЈА
loading...

Само референдумот од пред 27 години е настан во поновата историја кој може да се спроеди со предизвикот со кој се соочуваме денес. Премиерот Заев на стартот на кампањата за поддршка на референдумот за промена на името порача дека сигурната иднина како членка на НАТО и Европската Унија треба да се стави над дневната политика. За Договорот со Грција Заев вели дека го гарантира македонскиот идентитет и овозможува сигурни граници и афирмација на македонското културно наследство.

Премиерот се надева дека и опозицијата ќе ја даде својата поддршка

И за лидерот на ДУИ, придобивките од Договорот со Грција се огромни. За ахмети, НАТО и Европската унија се децениски стемеж на граѓаните во Македонија

Во опозцијата се уште се гради ставот дали и во која насока ќе се вклучат во кампањата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат, како и да се постават, кампања со пари на граѓаните нема да водат

Покрај Владата своја кампања за поддршка на референдумот за промена на името ќе водат и пратениците од власта, а единствен за бојкот ќе биде пратеникот Антонио Милошоски. За нив, за пропаганда, Владата одвои 1,3 милиони евра.

loading...