ПОРАДИ БРАНОВИТЕ НЕ МОЖЕВ ДА ЈАДАМ ПА САМО ЕДНАШ СЕ КАЧИВ ВО КАЈЧЕ

АКЦИЈА
loading...

Со препливањето на Охридското езеро на само 12 години и тоа со направена операција две години претходно по која имал инфаркт на колкот, Марко одржа лекција по јуначка издржливост и донесе колективна радост не само кај семејството и пријателите, туку во цела земја.

Нема човек кој не го спомнува и сајт кој не пишува за него. Малиот толку релаксирано зборуваше за својот подвиг, како да ја направил најлесната работа на светот.

Од 9:30 до 18:15, периодот во кој го преплива Охридско, Марко бил принуден да направи само еден кус прекин.
„Ногата не ме болеше. Не сакав воопшто да излегувам од вода и да правам пуаза. Кога огладнев, сакав да јадам во вода, но не можев од брановите. Само тогаш, влегов во кајче на една минута, набрзина јадев и се вратив во езеро“, вели Марко за Женски Магазин.
Ден после неговиот успех, кусо интервју со него направи Оhridnews од кој доби целосна медиумска поддршка. Тие откриваат дека Охридското езеро успеал да го преплива и неговиот татко кога имал 16 години.

Целата статија на ОФФ.НЕТ.МК

loading...