Нема крај, нови 7 згради позади новото училиште во Капиштец

АКЦИЈА
loading...

Станари од зградите позади новото училиште во скопската населба Капиштец до советниците на општина Центар пред три дена испратија барање за укинување на маркиците за изградба на новите планирани згради во нивното соседство. Тие бараат денеска советниците советниците на општина Центар да не гласат за урбанистичкиот план со кој се предвидува изградба на овие згради.

На денешната седница на Советот на општина Центар предвидено е и разгледувањето на измените во два детални урбанистички плана за Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара (градска четврт Ј 07).

Делод овие измени веќе ги поминале сите процедури уште во ноември минатата година.

На ред се советниците на општина Центар. Ова е ретка можност советниците да покажат и докажат дека се против хаосот и против исполнувањето на желбите на поединци, велат станарите.

Изградбата на новото основно училиште ние жителите на Капиштец го дочекавме со голема радост од причина што за првпат во оваа населба се гради училиште, со што нашите деца не ќе мора повеќе за време на школската година секојдневно да одат во училиштата од соседните населби. Дополнително, со ова ќе се зголеми безбедноста во сообраќојот на нашите деца, но исто така децата ќе можат побрзо и посигурно да стасаат во училиштето, и да бидат поблиску до своите домови.

Откако разбравме дека општината предвидува да гради нови објекти помеѓу новото училиште и Заводот за рехабилитација решивме да реагираме со цел да го спречиме ова. Нашето несогласување за изградба на новите објекти се надоврзува и со незадоволството од ионака веќе стеснетиот простор, секојдневната фрустрација и соочување со неподносливиот сообраќаен метеж, немање доволно место за паркирање на нашите возила, необележаните пешачки премини кои дополнително ја зголемуваат опасноста во сообраќајот, особено на децата кои се движат во тој простор. Нашата реакција е во насока на спречување на штетното влијание кое ваквата градба ќе го има врз животот и безбедноста на децата во и надвор од училиштето. Имено, бучавата и штетната цементна прашина која оваа изградба ќе ја произведува додека децата ќе бидат во околината, дополнителниот сообраќаен метеж кој ќе се создава за време на градежните активности од механизацијата која ќе се користи, загадувањето на животната средина, спречувањето на циркулацијата на воздухот / ветерот која доаѓа од Водно, а која е единствената шанса и надеж на населбата да се прочисти од штетните честички, огрдувањето на просторот и многу други слични проблеми, реално ќе го намалат квалитетот на живеење во овој дел од населбата.

Бараме овие урбанистички планови да се укинат и тоа место да прерасне во еден убав зелен парк“, бараат станарите.

loading...