Заев добива поддршка од непостоечки организации? Најавена тужба за директорот на Агенција за иселеништво

АКЦИЈА
loading...

Македонска заедница во Малта најави покренување кривична постапка против директорот на Агенција за иселеништво, Никола Салваринов, за доделување грантови на, според нив, непостоечки организации.

„Агенција за иселеништво доделува грантови на НЕПОСТОЕЧКИ здруженија во Малта! Овојпат доделен е грант од 106.400 денари за некаков си проект ‘Тоа сум јас и никој друг’.

При посетата на Малта на 28 мај премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на „Форум за демократска Македонија во Малта“, како што се претставува на „Фејсбук“, од каде што изразија поддршка на Владата за решавање на спорот за името со Грција и напорите за интеграција во НАТО и ЕУ. Токму тој ФДМ-Малта, за кој Македонска заедница во Малта тврди дека е непостоечки, е добитник на грантот од Агенција, посочуваат од Заедницата.

Целосното соопштение на Македонска заедница во Малта прочитајте го на Експрес.мк.

loading...