Судот во Минхен ќе апси функционери бидејќи не преземале ништо против аерозагадувањето

АКЦИЈА
loading...
Гувернерот Марцел Зедер е меѓу функционерите кои се обвинуваат дека не вовеле мерки против загадувањето во Минхен (Фото: АП)

Објавено на САКАМДАКАЖАМ.МК

Судот во Минхен размислува да затвори неколкумина високи баварски функционери затоа што не успеале да преземат мерки против аерозагадувањето во градот, кој е дом на автомобилскиот гигант БМВ.

Весникот „Зидојче цајтунг“ објави дека покраинскиот административен суд верува дека затворот е најефективниот начин да се принуди баварската влада конечно да воведе мерки за намалување на емисијата на штетните гасови.

Минхен лани ја предводеше листата од 65 германски градови, во коишто е утврдено зголемено ниво на штетни честички во воздухот. Баварските власти во меѓувреме одбиле да воведат мерки во градот, како ограничена забрана за користење дизел возила, и покрај високите казни.

Според весникот, судиите сега бараат законски насоки од Европскиот суд на правдата за тоа дали по оваа основа е дозволено затворање функционери, што се однесува и на министерот за екологија Марцел Хубер и гувернерот Маркус Зедер.

loading...