Геро бара повеќе „обланди“ во кампањата за референдумот и поддршка на Договорот

АКЦИЈА
loading...

Повикувајќи се на новата анкета спроведена од Меѓународниот републикански институт (ИРИ), освен што смета дека резултатите се навистина охрабрувачки, Бранко Героски во својата нова колумна пишува и дека резултатите се добар показател за пофино штелување на кампањата со цел референдумот да успее.

За што зборува Геровски ќе ви стане појасно од следниот извадок од неговата колумна насловена „Анкета за фино подесување на „нишанските“ справи“:

 

„Најважно е аналитичарите сега да се фокусираат на причините поради кои расте решеноста на македонските граѓани да гласаат „за“. Анкетата јасно покажува дека „моторот“ на промените, всушност, се очекуваните придобивки од членството во ЕУ и во НАТО. Едноставно, постои тренд на оптимизам дека ќе се засили националната стабилност, ќе се отворат перспективи за економски развој и генерално, дека државата конечно ќе се придвижи во позитивна насока.

Овие податоци од анкетата на ИРИ недвомислено покажуваат дека кампањата за референдумот мора да биде позитивна и бездруго фокусирана на засилување на надежите на нацијата. Кампањата треба да биде ослободена од непотребниот шум на конфликтноста. Со креативни пораки треба да се нагласат најсилните страни на договорот со Грција (зачуваните атрибути на нашиот национален идентитет), а со прецизни квантификации реалните перспективи за напредок во повеќе области на економијата и на општествениот стандард.“, пишува Геровски.

(ЦЕЛАТА КОЛУМНА НА ПЛУСИНФО)

Толку од информативната кампања. Токму поради тоа што владата очигледно нема намера да ги истакнува маните на Договорот, кампањата може да се сведе само на пропаганда, во која сé ќе биде завиткано во обланди и фокусот ќе биде насочен кон тоа да ни ја разгори фантазијата за ветените мед и млеко. За среќа, македонскиот народ е доволно свесен и слабо се потпира на фантазирање. Историјата тоа не му го дозволувала.

loading...