Димитров: Некои политичари градат кариера на нерешени проблеми, други ги решаваат проблемите

АКЦИЈА
loading...

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска зборуваше пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET), на чија агенда е и првото читање на предлог резолуцијата на ЕП за Република Македонија.

Димитров пред членовите на Комитетот елаборираше за актуелностите во Република Македонија, во пресрет на историски важниот референдум.

„Политичарите можат да направат цела кариера и да живеат од нерешен спор, а можат и да се вложат и да го решат, заштитувајќи го најважното за двете страни, за граѓаните на нивните држави да живеат подобро”, истакнал министерот.

Воедно, се осврнал и на текот на имплементација на клучните реформи во земјата и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија. Притоа ја нагласил ефективноста на преговорачкиот процес во реформските придвижувања и важноста на препознавањето на исклучителните исчекори на Република Македонија, особено имајќи го предвид регионалниот и геополитички контекст.

„Не бараме скратени патишта или незаслужени награди. Но, би сакале успешните приказни и шанси да бидат соодветно валоризирани и искористени, особено во време кога на Регионот, но и пошироко му требаат такви примери“, рекол Димитров.

Како што информираат од МНР, за време на дискусијата, европратениците изразиле огромна поддршка и честитки за извонредниот дипломатски успех односно решавањето на деценискиот спор со Грција.

Макфакс

loading...