Правете ајвар на 30-ти, ама немојте организирано, да не ви стигне после кривична

АКЦИЈА
loading...

Извор: Инфомакс

Јавното обвинителство ќе биде „пуштено на најјако“ сметаат граѓаните, откако Камбовски ја просветли правничката фела дека организирање на бојкот за референдум било кривично дело, исто како што тоа НЕ беше во 2004 година.

Судијата Владимир Панчевски на својот ФБ профил ги замоли граѓаните кои на 30.септември се спремаат да прават ајвар, тоа да не го прават организирано и со голем отпор на лажицата, со цел да не паднат „жртви“ на јавното обвинителство за организиран криминал:

„Тие што на 30.09.2018 ке прават ајвар се молат да не го прават “организирано” и со “отпор” на лажицата, бидејки може да одговараат за кривично дело од чл.387 од Кривичниот законик. Внимавајте обвинителите и судиите од организиран криминал се спремни да апсат, така потсети и рече академик Камбовски!“ – пишува Панчевски.

ПС. Внимателно со евентов во продолжение, може да се смета за „организација“ 🙂 🙂

loading...