Д-р Ицо Најдовски – Перин: Преспанскиот договор е класично разнебитување на Македонија и Македонскиот народ

АКЦИЈА
loading...

Д-р Ицо Најдовски – Перин живее и работи во Мелбурн, Австралија. Магистрирал на Универзитетот во Викториа а докторирал на Иснтитутот за Национална Историја во Скопје, Република Македонија.

Според него, престојниот референдум во Македонија е спротивен на уставот на Македонија и европските принципи. Референдумот не смее да успее, но ако успее, во наредните години Македонија ја чекаат големите препреки од соседна Бугарија. Македонската дијаспора ќе бојкотира затоа што не сакаме да ни го сменат името на државата Македонија, вели тој.

Господине Најдовски кое е вашето мислење  за претстојниот референдум , дали дијаспората треба да гласа или да го бојкотира референдумот ?

Престојниот референдум во Македонија е спротивен на уставот на Македонија и европските принципи. Истиот е манипулативен затоа што не е задолжителен туку е консултативен. Нелегалната влада на Зоран Заев си остави простор да ако референдумот биде неуспешен промената на името на Македонија да се процесуира преку Собрание. Македонската дијаспора е едногласна и нема да излезе да гласа. А можноста дијаспората да гласа е обезбедена со надеж дека албанската дијаспора ќе го зголеми бројот на гласачите за промена на името.

Што значи договорот од Преспа  и зошто  треба дијаспората да го бојкотира овој референдум ?

Македонската дијаспора ќе бојкотира затоа што не сакаме да ни го сменат името на државата Македонија. А за промена на името и успешен референдум потребно е да излезат на гласање повеќе од 900 000 гласачи. Таа бројка не смее да се исполни и да се легализира манипулативниот референдум чија цел е само да се промени името на Македонија и да се имплементира Преспанскиот догор помеѓу Грција и Македонија.

Сегашната влада на чело со премиерот Заев го промовира договорот од Преспа како инстант карта за влез во НАТО и ЕУ  како и дека Македонија ќе биде земја на просперитет и напредок. Според вас дали ова е вистина или е замка за македонскиот народ

Преспанскиот договор е класично разнебитување на Македонија и Македонскиот народ, или поточно, ако се имплементира тоа значи една модерна окупација. Договорот е на 19 страници и содржи бришење на името на Македонија, Македонскиот народ, историја, култура и традиции. Исто така и Македонскиот јазик е деградиран како посебен затоа што ќе има додавка дека припаѓа во групата на словенските јазици.

Што  навистина ја чека Македонија ако успее референдумот според вас

Референдумот не смее да успее, но ако успее, во наредните години Македонија ја чекаат големите препреки од соседна Бугарија. Знаеме дека Бугарија не признава Македонски народ, јазик и историја. Сметам дека Македонија ќе остане на портите на ЕУ затоа што планот е истиот, онај од 1878 год и 1913 год: “Копилето кое го погребавме не умрело” (изјава на Лордот Овен во 1991 год)

Што мислите за новата дијаспора -Форум за демократска дијаспора формирана од членови на Шарената револуција -зошто сметаат дека македонците во дијаспората се примитивни затоа што ги  веат македонските знамиња  и симболи

Смислена пропаганда од кујната на Заев. Еве јас сум д-р по историски науки и не се сметам за “елитен интелектуалец” како тие што изјавија. Македонската дијаспора е многу пообразована од “елитните интелектуалци” кои се стекнале со дипломи во Ресен, Св Николе, Радовиш, Виница или на некој приватен факултет. Инаку, организација Форум за демократска Македонија е измислена инсталација на Заев. Ако тие имаат барем неколку членови со нив ќе се појават во јавноста. Еве ние на 3 септември ќе имаме народно собрание и не се криеме. Исто така видовте на демонстрацијата во Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн бевме повеќе од 100 000.

извор: Шило

loading...