Цуцуловски: Што е ЕУ?

АКЦИЈА
loading...

Од фејсбукот на проф. Љубомир Цуцуловски

ЕУ Е, ТОА ШТО Е

Одредена индивидуа не се оценува според тоа што за себе мисли, ниту по тоа што другите за неа мислат, туку секоја индивидуа се цени според тоа што таа навистина е. Истото важи и за било која организација, институција или меѓународна заедница. Од овој принцип не е исклучена ни ЕУ. ЕУ не е тоа што таа мисли дека е, ниту е тоа што некои мислат дека е, туку таа е тоа што е.

Што таа е, може да се заклучи во праксата:

Република Хрватска, една од најразвиените републики во СФРЈ, членка e на ЕУ. Меѓутоа, сеедно на тој факт, во неа не цветаат рози, како што некои очекуваа. Кога ова го велам не мислам само на аферата „Агрокор“, која долго време ја потресува оваа држава и во која се – според тамошните медиуми – вовлечени значајни политички личности.

Во оваа пригода, ќе се послужам со два настана, кои токму сега ја потресуваат оваа држава. (1) Илјадници луѓе жестоко и очајнички протестираат, заради она што им се случува на некогаш моќните бродоградилишта „Уљаник“ и „3-ти Мај“ (2) Во Клиничката болница „Сестре милосрднице“ во Загреб (каде се создавал, и се создава, најквалитетниот медицински кадар во Хрватска) се откажуваат сите операции, вклучувајќи ги и итните. Во Клиниката за трауматолигија од шесте операциски сали, во пет сали преносните рендген апарати се неисправни, додека скоро сите клима уреди во Центарот не функционираат.

Ова не го пишувам со радост, ниту со зла намера кон Република Хрватска. Напротив. Ова го пишувам да се сфати дека ЕУ не е милосрдна организација, како што некои си вообразуваат, мислејќи дека со влегувањето во неа (сон на некои македонски граѓани) сè ќе се решело. Едноставно, ЕУ не е тоа што некои мислат дека е, туку ЕУ е тоа што стварно е. Истото важи и за НАТО.

Линкови:
https://vijesti.hrt.hr/…/zbog-puknuca-cijevi-na-traumatolog…
https://vijesti.hrt.hr/…/u-2018-nase-bolnice-bez-klima-urea…

loading...