„НЕПРЕЦИЗНИОТ“ МАТЕМАТИЧАР

АКЦИЈА
loading...

Пишува: Протоереј Љупче Петрески

Подолго време се обидувам да го декодирам лидерот на опозицијата Мицкоски во врска со референдмот. Залудно. Како тргнало ќе ми треба Кодот на Да Винчи за да го декодирам. Или, пак, нема што да се декодира. Како и да е, навистина несериозно, недолично и „математички непрецизно“ за еден лидер на опозиција. Не разбирам што толку има да се размислува и да се испитува за тоа каков став да заземе. Мислам дека е многу лесно и едноставно. Не се работи за тоа дали ставот ќе биде „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „БОЈКОТ“. Ставот, да поедноставиме, треба да биде дали воопшто го подржува референдумот и референдумското прашање, ако се знае дека се незаконски, противуставни и не се во согласност со препораките на Венецијанската комисија. Овие причини не се ли доволни за да се одбие учеството на Референдумот? Затоа што, ако се земе учество, без оглед на тоа дали ќе биде „ЗА“ или „ПРОТИВ“, се дава легитимитет на неуставниот Референдум, што е недозволиво за еден лидер на најголемата опозициона партија.

Неговото оправдување дека „како народна партија не може да си дозволи да заземе став без да го консултира народот“ некако не ми држи вода. Затоа што, едноставно, ништо не е по „правила службе“ како што вели нашиот народ. Нема што тука да се дискутира без оглед на тоа какво е расположението на народот, „ЗА“, “ПРОТИВ“ или „БОЈКОТ“. Едноставно, прекршени се еден куп закони и толку! За било што да го повикате членството, освен, се разбира за „БОЈКОТ“, Вие го одобрувате погазувањето на законите, Уставот и Венецијанската комисија. Станувате соучесници во беззаконието. Една најголема опозициска партија на што би го градела својот авторитет пред народот и членството ако не на почитувањето на законите, правната држава и најсветото нешто – Уставот на Р. Македонија?

Со немањето став, односно доколку не повика на „БОЈКОТ“, Мицкоски, ја разнишува и позицијата на Претседателот Иванов кој се изјасни против суицидниот Преспански договор., и се“ уште, верувам и покрај огромните притисоци од европските лицемери, се држи машки. Оправдувањата од типот: Ако Мицкоски се изјасни за „БОЈКОТ“ ќе има огромни надворешни притисоци и никогаш нема да дојде на власт“, можеби се донекаде оправдани и разбирливи ама, кога може Претседателот, зошто не би можел и лидерот на опозицијата? Такво расудување, според мене, доколку е точно, не смее да си допушти една опозиција, зашто пред се’, во случајов не се работи за добивање на власт, ами за зачувување на националните интереси, што е далеку над партиските и добивањето фотелја. И, на крајот на краиштата, власта ја дава народот а не европските лицемери и ајдуци. Згора на тоа, верувам дека Претседателот, кој се покажа како достоен чувар на националните интереси и Уставот, треба да добие поддршка, а од кого би добил во вакви моменти ако не од најголемата опозициска партија.

Во однос на расположението на народот, можам само да му порачам на Мицкоски, да не се прави недоветен, како да не знае какво е расположението. Повеќе од јасно е дека расположението, во најголем број, и во двата табора, е против Договорот и промената на името и Уставот. Е сега, во едниот табор, молчат и голтаат кнедли, плашејќи се од партиски реперкусии и надевајќи се на добивање работа во администрација, а во другиот табор, неговиот, се, исто така, против и за „БОЈКОТ“, но нивното молчење не е така гласно како од спротивниот табор и се чувствува револт поради анемичноста на нивниот лидер.

Како и да е, Мицковски си прави огромна штета на сопствениот углед и на угледот на партијата, зашто наголемо му е залепена етикета, оправдано или не ќе видиме, на „странски платеник кој одработува за европјаните, па дури и дека се’ што прави е во координација со Заев“. Времето ќе покаже.

А нам, народот, ни останува да ги баталиме партиските поделби и да се обединиме, со цел зачувување на честа, нашето достоинството, одбрана на Уставниот поредок а со тоа и зачувување на нашата држава, воопшто.
Бог да ја благослови Македонија!

loading...