Сојузот на борците даде поддршка за референдумот

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев прими делегација на Главниот Одбор на Сојузот на борците на Македонија, предводена од претседателот на Главниот одбор д-р Никола Стојановски и од потпретседателот Борко Зафировски, како и од Претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на Борците на Скопје, д-р Трајко Стаматовски.

На средбата делегацијата на СБМ изрази благодарност до премиерот Заев и до Владата на РМ, како и до Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, за решението со кое на ГО на Сојузот на Борците на Македонија им е обезбеден простор во Домот на АРМ за извршување на админстративните и програмските активности на организацијата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на средбата истакна дека ќе се разгледаат и изнајдат можности за решавање на блокираната сметка на СБМ за да може сојузот да го реактивира редовното работење, како и програмските активности по повод 70 години од основањето на организацијата на борците и 75 годишнината од одржувањето на АСНОМ кое ќе се одблежи со низа активности во текот на идната година.

Делегацијата на Сојузот на Борците на средбата го поздрави договорот со Република Грција, а претседателот на Градскиот одбор на СБМ Стаматовски го покани премиерот Заев да учествува на дебата на која ќе бидат презентирани придобивките од договорот пред членовите на СБМ од повеќе општински организации кои ќе бидат поканети на овој настан, соопшти Владата.

Професорката Ванковска на својот фејсбук профил напиша дека ова е пример на политичка корупција.

“Ова е пример на политичка корупција! Ако владата сакала да му помогне на Сојузот, тогаш не смеела да го поврзува со нивната јавна пoддршка за референдумот! Овие, пак, ќе го жртвуваат АСНОМ за канцеларија! И конечно, и тој мал број преживеани борци има право на ЛИЧЕН став по референдумот! Сојузот не смее и не може да зборува во име на своите членови, кои се првенствено граѓани.
Срамно! (Да, срамен беше и односот на Груевски, но тоа не е оправдување за ова нивно ново понижување пред властите).

loading...