Молк од ВМРО по повикот на Мицкоски да се откажат од парите за референдумска кампања

АКЦИЈА
loading...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не сакат да зборуваат за барањето на партискиот лидер Христијан Мицковски да се откажа од државните пари кои и следуваат на неговата партија за кампања за референдумот за тие средства да се пренаменат за реконструкција на тетовската гимназија. Пратеничката Даниела Рангелова одби да ја коментира јавната порака на Мицковски. Таа не сакаше да зборува ниту за тоа зошто најголемата опозициска партија се уште нема конечен став за учество на референдумот. Пратеникот Павле Богоевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема единствен став и работи на штета на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше дванаесет години да ги среди училиштата во Република Македонија, но не го стори тоа. Во буџетот се обезбедени средства за реконструкција на училиштата, меѓу кои и училиштето кое беше посочено да биде реновирано. И на крајот на денот, ако Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ навистина сакаат подобро образование за младите, тогаш ќе сакаат да ја видат Македонија во Европската Унија“, вели Павле Богоевски – независен пратеник во Собранието на РМ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде рок – до утре пратеничките групи да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата и дали ќе биде за, против или ќе го бојкотираат референдумот. Засега ДУИ го информирала дека ќе учествува во позитивна кампања за референдумот. И од БЕСА на Касами велат дека се про-референдум, но се уште немаат одлучено како ќе ја водат кампањата.

Од Алијансата за Aлбанците денеска на партиски состанок исто така донесоа одлука за поддршка на референдумот. За референдумската кампања, Владата префрли милион и триста илјади евра на посебна сметка на Собранието. Право на тие пари имаат сите пратеници без разлика дали ќе водат кампања за, против или за бојкот, но парите нема да ги добијат лично, туку Собранието ќе закупи медиумски простор и за нив. Засега, само пратеникот Антонио Милошоски побара пари за да води индивидуална кампања за бојкот на референдумот, одлука за која од неговата мaтична партија велaт дека е само негов личен став.

loading...