Алијанса за Албанците ќе го поддржи референдумот

АКЦИЈА
loading...

МАКФАКС

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по двочасовната дебата на централното собрание на партијата, рече дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември, но дека имаат забелешки за потпишаниот договор со Република Грција.

„Ниту Владата на Република Македонија, ниту пак Владата на Грција немаат легитимитет да решаваат за националноста и јазикот на граѓаните. Ние конкретно имаме забелешки на овие две точки од договорот со Грција“ рече Села.

Во поглед на најавениот блок, кој ќе се формира за спроведување на кампањата за поддршка на референдумот, од страна на албанските партии, Села истакна дека ова е блок формиран од Владата, на кој нема се уште донесено одлука дали партијата ќе се приклучи. Тој додаде дека со спроведувањето на кампањата за референдумот, ќе говори за сето она што Владата го има направено досега заедно со политичките партнери.

„Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. Но доколку не се согласат на тоа, кампањата ќе ја водиме одделно“ порача Села.

Претседателот на Алијанса за Албанците, кажа дека не му е важно колку пари ќе добијат од вкупната сума која Владата ја дава на Собранието, за спроведување на капањата за референдумот, бидејќи, како што кажа, партијата не е за продавање.

loading...