О2: Срамота е власта на заштитата на Водно да ѝ дава меѓуетнички карактер

АКЦИЈА
loading...

Срамен е обидот на некои функционери целава работа да ја свртат во меѓуетнички контекст, дека „Скопје не дава гас за Западна Македонија”. Тоа е малициозен, малограѓански обид да се дискредитира искрената питома намера на граѓаните за зачувување на Водно, реагираат активистите на О2 коалицијата за чист воздух.

„Срамота е Владата, град Скопје и МЕР да мантраат дека „Скопје ќе го спречува магистралниот гасовод” и „мора преку Водно”.

Прво, гасоводот низ Водно не е наменет за Скопје. Скопје 20 години има гасовод, но досега не се поврзани домаќинствата. За градовите каде оди делницата 5 нема изградено секундарна мрежа, допрва ќе се прави и на тој процес се чека, така што алтернативната траса може во меѓувреме да се создава.

Водно е парк-шума, заштитено подрачје, регистрирано наследство, кое сега државата го самонегира. Водно не е место за градби, било какви. Водно не е само дрвна маса, Водно е ретко блиска природа до град, Водно е климатски регулатор, заштник од порои, поплави како на Скопска Црна Гора и филтратор против отровни честички за убрзување смрт. Водно е Водно, и не се чепка!

Не „мора” преку Водно, туку „мора” да се утне Водно. Ало!

Тотално избрзан политички волунтаризам со тотално искривоколчени поимања за одржливо живеење, со постапка полна со нерегуларности!

Срамота е и еко-активистите да откриваат за „идеите” на функционери целава работа да ја свртат во меѓуетнички контекст, дека „Скопје не дава гас за Западна Македонија”. Тоа е малициозен, малограѓански обид да се дискредитира искрената питома намера на граѓаните за зачувување на Водно.

Активистите се ЗА гасовод, но НЕ низ Водно. Едноставно е“, се вели во денешната реакција на екологистите по продолжувањето на ископувањата по сртот на Водно.

loading...