МОЌНИОТ ЦИКЛОН БРУНО ДОАЃА НА БАЛКАНОТ

АКЦИЈА

Моќниот циклон БРУНО ќе донесе од 30 до 50 цм снег на европските алпи а снегот ќе се спушти дури до Балканот.

Претстојната ноќ интензивни снни врнежи очекуваат и Словенечките планини каде исто така на поголема надморска височина ќе се формира и значителна снежна покривка.

Освен снег БРУНО ширум Балканот од попладнево па натаму во текот на ноќта како и утре (недела) ќе донесе и силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, силни грмежи и ветер како и појава на град па токму поради ова на граѓаните ги предупредуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на опасни метеоролошки појави.

Поради моќниот циклон целиот Балкан влегува во жолта , портокалова па дури и во црвена ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза што значи на Балканот понатаму му се закануваат опасни метеоролошки појави.

Температурите значително ќе опаднат дури за повеќе од десет степени со што циклонот БРУНО влегува во прввиот есенски циклон за оваа сезона.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

loading...