Како Богдан Илиевски ги замисли обвинителството и судот

АКЦИЈА
loading...

Интересни тези и аргументи на првите рочишта од главната расправа на судењето за 27 април и упадот во Собранието на кои одбраната ги даваше своите воведни говори.

Трет ден по ред со силни аргументи, со најави за несоборливи докази, одбраната го напаѓа обвинениението на Основното јавно обвинителство кое во најголем дел од случаите според искусни адвокати и обвинители е бледо и се базира на паушални претпоставки.

Буквално секој обвинет со многу аргументи се спротиставуваше жестоко и темелно на слабите позиции на ОЈО во обвинение, кое што многумина во судско – адвокатската фела го нарекуваат „судски срам на векот“.

Меѓу подобро подготвените настапи во судот каде што тече процесот за настаните од 27 април беше тоа на Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит кој се товари за повикување на насилство поради неговиот говор пред собранието на критичниот ден.

“Во воведниот говор за обвинението Обвинителството постави прашања кон нас организаторите кои се надевало дека ќе му бидат одговорени во текот на главната расправа. Штета што немав прилика да одговорам на никакво прашање од 27 април до денот на притворањето 27 ноември, меѓутоа во текот на постапката со цврсти убедливи докази ќе ве уверам дека ниту сме имале намера ниту сме презеле било какво дејство опишано со правната квалификација „Терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија“, изјави Илиевски на почетокот на својата одбрана.

“Ниту сум учествувал ниту би учествувал во било каков план или акт кој вклучува насилство бидејќи како човек не го прифаќам насилството и не верувам во насилството како начин за решавање на проблемите. Како легалист по убедување верувам единствено во правото и правните механизми како начин за регулирање на односите меѓу луѓето”, порача Илиевски во судницата и најави дека во судскиот процес ќе го докаже уште 3днаш општо познатиот факт дека
СЛОБОДАТА НА ГОВОР НЕ Е ТЕРОРИСТЧКИ АКТ туку Уставно начело и основно човекото и демократско право.

Според Илиевски но и според правните и демократските принципи истото важи и за слободата на политички став и размислување, исто како и слободата на јавно мирно собирање.

“На нашите мирни протести поставивме кодекс на однесување согласно нашите морални и етички убедувања, кодекс кој јавно го објавивме и го ширевме говорејќи за него на собирите. Баравме од учесниците на протестите да се придржуваат до нашите правила според кои говорот на омраза, било какво насилство и провокации, шовинизмот и други агресивни однесувања не се дел од Иницијативата за Заедничка Македонија.

Имаше разни провокатори со план за оцрнување на мирните протести, меѓутоа секогаш кога ќе дознаевме за такво нешто се спротиставувавме и ги осудувавме јавно”, изјави Илиевски на почетокот на својата одбрана додавајќи дека
од доказите кои се јавно достапни за сите на интернет, а можеа да се видат во директниот пренос и од илјадниците на улиците, веднаш штом дознале за избирањето на Талат Џафери за Претседател на Собранието, организаторите повикале на продолжување на мирните протести како и претходните 59 дена.

Целата статија на Експрес.мк прочитајте ја тука

loading...