Видео: Официјално, Милошоски реши, бојкот …

АКЦИЈА
loading...

Иако ВМРО-ДПМНЕ се уште не излезе со официјален став околу референдумот, пратеникот од оваа партија Антонио Милошовски до Собранието достави документ со кој информира дека ќе учествува во кампањата, но ќе повикува на бојкот на референдумот.

Ова е само личен став на еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, рече денеска портпаролот Наум Стоилковски, додавајќи дека во партијата се уште се консултираат околу заземањето став во врска со референдумот. Тој рече дека до крајот на неделата, ќе се знае повеќе и за употребување на парите за кампања.

И Алијансата за Албанците како опозициска партија до крајот на неделата се очекува да излезе со официјален став околу референдумот и за употребување на парите за кампања. Ќе се собере Централниот Комитет за да донесе конечна одлука, рече портпаролот на партијата Флакрон Беџети, додавајќи дека ќе се потпише уште Декларација со конкретни барања во однос на Уставните промени.

Ќе биде повикан албанскиот политички фактор за соработка по референдумот, кој ќе биде во однос на прашањето за отворањето на Уставот, каде Албанците ќе треба да направат неколку интервенции со политички амандмани околу прашањето за националноста и албанскиот јазик.

Нај одлучна за кампањата “про“ референдумот е опозициска БЕСА. Портпаролот на оваа партија ни рече дека ќе се мобилизираат со цел референдумот да биде успешен. Меѓутоа додаде дека Движење Беса ќе има свои барања кога ќе дојде времето за уставните промени.

И ние имаме свои забелешки во врска со договорот меѓу Македонија и Грција, но овие забелешки ќе ги адресираме во потребниот момент, до соодветните политичари, значи до премиерот Заев, во моментот кога ќе се отвори Уставот на Република Македонија, каде ќе побараме терминот 20% во Уставот да се смени со “албански јазик“ и “Албанци“.

Македонија ја делат помалку од 40 дена од референдумот. За кампања владата издвои околу 1,3 милион евра.

МИЛОШОВСКИ РЕШИ , ЌЕ ПРОПАГИРА ЗА БОЈКОТ, ДАЛИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ 72 ЧАСА ЗА ДА ОДЛУЧАТ?

МИЛОШОВСКИ РЕШИ , ЌЕ ПРОПАГИРА ЗА БОЈКОТ, ДАЛИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ 72 ЧАСА ЗА ДА ОДЛУЧАТ?

Публикувахте от TV21 в Петък, 24 август 2018 г.

loading...