Македонските пензионери кои земаат пензија од 49.000 денари

АКЦИЈА
loading...

Вкупно 312.703 пензионери земаат пензија од Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување моментно, по основ на остварено работно право. Повеќето имаат старосна пензија, но колкумина ја земаат највисоката, а колку имаат минимални пензионерски приходи. Јулската статистика од ПИОМ покажува дека во моментов има пензионери чии месечни приходи само по овој основ изнесуваат 49.360 денари. Многу повеќе над просечната нето плата исплатена во земјава, која е нешто над 24.000 денари.

Впрочем во групата во која се пензионерите со максимални примања во јули имало вкупно 2.008 луѓе. Сите не земаат 49.360 денари, но пензиите на сите нив се движат од 37.537 денари до 49.360 денари.

Најголем дел од вкупниот број пензионери или вкупно 193.204 луѓе земаат пензии од 11.131 денар до 37.537 денари.

Помала група се пензионери кои имаат минимална пензија или од 8.716 денари до 9.189 денари месечено. Или во оваа група се пензиите на 93.493 пензионери.

Има и такви кои земаат под минималната пензија или до 8.716 денари. Толкава пензија земаат 23.998 луѓе.

Инаку просекот за исплатена пензија во јули изнесува 14.145 денари.

Вкупниот број на корисници на пензија е поголем ако се пресметаат и тие кои земаат воени и земјоделски пензии. Во јули корисници на пензија од воено право се 1.316, додека земјоделски пензии имаат 241 лице.

loading...