Еве колку од гласачите на дијаспората се пријавија за референдумот

АКЦИЈА
loading...

На последниот ден од предвидениот рок за пријавување на гласачите од дијаспората за претсојниот референдум нема големи промени во покажаниот интерес за гласање на 30 септември.

Последниот извештај доставен до ДИК покажува дека заклучно со денеска за референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија се пријавени вкупно 2.855 гласачи, од кои прифатени се 2.755. Одбиени се 100 пријави со образложение дека дел од лицата кои ги поднеле имале истечени патни исправи, а дел немаат живеалиште во Македонија. Поради тоа, појаснија од ДИК, немаат право да гласаат.

Пред почетокот на седницата, додека се утврдуваше дневниот ред, Кондарко информира дека МВР ќе им издаде лични карти на вкупно 260 лица кои издржуваат казна затвор за да можат да го остварат своето право на глас. Процедурата за издавање на документите, рече Кондарко, е завршено.

На избирачкиот список како иселени се запишани 87 илјади лица.

На седницата на ДИК беше наведено дека гласањето за дијаспората ќе чини околу 12 милиони денари или една третина од гласањето минатиот пат кога чинело 35 милиони денари.

Во превод 3% од гласачите на дијаспората се пријавија за референдумот

loading...