Кој и зошто ги цензурира Апасиев и другите „опасни“ критичари?

АКЦИЈА
loading...

Власта цензурира критички настроени текстови против неа откриваат експерти за социјални мрежи и дигитални технологии.

Последен пример каде што е очигледно дека власта не сака да да се споделуваат критички ставови против владините политики и иннтелектуалците кои што ја бранат се два текста на професорот Димитар Апасиев кој е еден од најпопуларните млади политичари надвор од спектарот кој го држат големите партии и жесток критичар на владеачката партија.

Неговиот текст кој говори за „Вербална дијареја на сороспиите“ и е насочен кон Фрчковски и неговите приврзаници е тешко да се сподели на социјалната мрежа Фејсбук.

Обидот за негово споделување најчесто е спречен од страна на Фејсбук со назнака дека се разботи за спам односно за спречување на обид за ширење на информација која што читателите не сакаат да ја примат.

Тоа според експерите значи дека текстот на Апасиев е пријавен до Фејсбук од поголема група луѓе кои што се жалат дека тој е спам односно дека е материјал кој што е од вознемирувачки карактер или дека е реклама која што читателите не сакаат да ја примат.

Дека се работи за класична цензура преку социјални мрежи доказ е фактот што дури ако сакате сами да го споделите текстот што би значело дека за него не сметате дека е спам тоа Фејсбук нема да ви го дозволи затоа што предходно некој го пријавил како штетен линк.

ЦЕЛАТА СТАТИЈА ТУКА

loading...