Илјадници луѓе бегаат од Венецуела секој ден (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Од 2014 година од Венецуела избегале 2,3 милиони луѓе, што е седум отсто од населението на државата, јавува Би-би-си.

Илјадници луѓе ја напуштаат Венецуела секој ден поради кризата предизвикана од политичката нестабилност, недостигот од лекови, храна, вода за пиење и хиперинфлацијата.

Портпаролот на УНХЦР Вилијам Спиндлер изјави дека хаосот во Венецуела предизвика едно од најголемите масовни отселувања во историјата на Јужна Америка.

Нафтата е главниот дел од извозот на Венецуела и државата ја погоди криза кога нејзините цени паднаа. Критичарите ја обвинија владата за неспособност во решавањето на економските проблеми во државата и влошувањето на кризата.

Над милион луѓе избегаа во Колумбија и уште илјадници се обидуваат да влезат во Еквадор и Перу. Годинава во Перу пристигнале над 500.000 граѓани на Венецуела. Бројот на баратели на зил во Перу се зголемил за трипати во однос на минатата година.

Жителите на Венецуела бегаат и во Бразил, каде се случија напади на неколку емигрантски кампови. Државите во кои бегаат Венецуелците почнаа да воведуваат построги контроли на границите, а Еквадор прогласи вонредна состојба на границата.

Масовниот егзодус од Венецуела продолжува и не се наѕира крајот на кризата. Ројтерс објави дека поради недостиг на медицински материјали бремените жени бегаат во Бразил за да се породат. Така секој ден во Бразил се раѓаат венецуелски бебиња.

„Моето бебе ќе умреше ако останев во земјата. Нема храна, нема лекови ни доктори“, изјави Марија Тереза Лопез, која се породила во понеделникот во Бразил.

loading...