Заев ги обедини Македонците

АКЦИЈА
loading...

Македонците во Австралија, Канада и Европа денеска издадоа проглас во кој се бара целосен бојкот на престојниот референдум.

Отако минатата недела Владата во Скопје објави дека дијаспората ја поддржува владата и премиерот во меннување на името највлијаелните македонски организации во светот за прв пат во историјата се обединија и го повикуваат народот да бојкотира.

Пораката од македонската дијаспора:

Режимот на Зоран Заев на 30-ти јули распиша консултативен референдум на кој гласачите на Македонија се повикани да се изјаснат за прашањето: ”Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?” Со вакво манипулативно, перфидно прашање режимот со обидува да ги замајува гласачите и да го прикрие фактот дека договорот со Грција изрично бара Македонија да се самоукине како држава и Македонците како народ, за да се отворат пристапни преговори за влез во гореспоменатите Евроатлантски институции.

Меѓутоа од првиот ред на штетниот и антимакедонски Преспански Договор се гледа каква е намерата на Грција и какви цели се обидува да постигне.

Во Преамбулата се пишува следното: ”Првата страна, Грција („Првата страна“) и Втората страна, која беше примена во Обединетите нации согласно резолуцијата 47/225 од 8 април 1993 г. на Генералното собрание на Обединетите нации („Втората страна”), заедно именувани како „Страните.” Значи, нашите “искрени пријатели” Грците, не допуштиле ниту во првиот параграф да се спомне дури навредливата референца, а камоли зборот Македонија. И некои ќе кажат дека со ова парче хартија не имаат “признаено”.

Во ниту една точка на овој антимакедонски договор не пишува дека Првата страна (Грција) признава македонска етничка припадност и македонски јазик. Тука е клучен членот 7.

 

Целиот проглас прочитајте го на Експрес.мк

loading...