За КИБРИТЧИИТЕ-МАНИПУЛАТОРИ и зошто постои БОЈКОТОТ

АКЦИЈА

Пишува: Душко Кралевски

Дете бев, потоа пораснав, сега полека ја напуштам и средната возраст и многу нешта се променија, почнувајќи од државата, политичкиот систем, економскиот систем, вредносниот систем… но многу нешта останаа исти, според: „СЕ’ ТЕЧЕ – НИШТО НЕ СЕ МЕНУВА“.

Еда од таквите КОНСТАНТИ е онаа глупава, провидна, манипулаторска игра… ТОПЧЕ ПОД КУТИВЧЕ, на времето наречена „шибицарење“, а сега нема соодветно име во македонскиот јазик (можеби „кибритчење“?), но има честа примена во секојдневието.

Верувам дека мнозинството од нас ја знаеме оваа игра, сме ја виделе, некои можеби искусле на сопстева кожа, па гледаме да сме што подалеку од неа.

Во играта учестуваат ГРУПА ИЗМАМНИЦИ кои поставуваат КЛАСИЧНА СТАПИЦА и чекаат ЖРТВАТА да им наиде. Групата ја сочинуваат минмум два-тројца „пазачи“ кои внимаваат да не наиде полиција, неколкумина „ѓоа“ играчи и ГЛАВНИОТ МАНИПУЛАТОР – оној што го става ТОПЧЕТО под едно од трите кутивчиња, а играчот треба да погоди под кое од кутивчињата се наоѓа. Оној што ќе погоди каде е топчето – добива ДВОЈНО од сумата што ја вложува.

Во моето детство можеше да се игра за било која сума, но сега сумите се 50 или 100 евра (или соодветна денарска противредност). Во групата „ѓоа“ играчи се наоѓа еден „РАЗОТКРИВАЧ“ кој крадешкум го подигнува кутивчето под кое се наоѓа ТОПЧЕТО, така што наивниот верува дека вложува во СИГУРНА ДОБИВКА, но во последен момент МАНИПУЛАТОРОТ ги допира кутивчињата, го преместува топчето (или пак тоа го прави „РАЗОТКРИВАЧОТ“), па така СИГУРНАТА ДОБИВКА станува – СИГУРНА ЗАГУБА.

Се разбира, за играта да биде ПРИВЛЕЧНА за НАИВНИТЕ и ЛЕСНОВЕРНИТЕ, има играчи кои го погодуваат топчето и добиваат ДВОЈНО од сумата што ја вложуваат, но тие се разбира се дел од истата ИЗМАНИЧКА ГРУПА.

И некои други согледувачи пред мене, правеле паралела помеѓу оваа изманичка игра и ПОЛИТИЧКО-МАНИПУЛАТИВНИ ИГРИ на овие простори, кои играта ја нарекуваат ДЕМОКРАТИЈА, а всушност се МАНИПУЛАЦИЈА – ВЕШТА ИЗМАМА.

Зависно од ситуацијата, секогаш има еден ГЛАВЕН ПОЛИТИЧКИ МАНИПУЛАТИР кој многу зборува и вешто ги менува изјавите, додека ТОПЧЕТО го префрла од едно до друго кутивче. Тука е и неговиот „ѓоа“ ПРОТИВНИК, кој божемски ги разоткрива игрите на МАНИПУЛАТОРОТ, а всушност е дел од ИСТАТА ИЗМАНИЧКА БАНДА. Тука се и неколкумина УЧЕСНИЦИ-ГЛУМЦИ кои што вложуваат, добиваат или губат, зависно од проценката на ГЛАВНИОТ МАНИПУЛАТОР за придобивање внимането од ПОТЕНЦИЈАЛНАТА ЖРТВА. Се разбира ЖРТВАТА освен што треба да е припроста и наивна, треба треба и да е алчна, односно да верува дека ќе има „ЛЕСНО ОСТВАРЕН ЌАР“.

Престојниот РЕФЕРЕНДУМ на 30 септември е класичен пример за „КИБРИТЧЕЊЕ“ при што има еден ГЛАВЕН МАНИПУЛАТОР кој ги убедува наивните дека ќе имаат ЛЕСНА ДОБИВКА. Во неговата банда се и оние кои божемски се ПРОТВ МАНИПУЛАТОРОТ, а се дел од истата МАНИПУЛАТОРСКА ИГРА. Жртви се сите што ќе им поверуваат, па дури и ЉУБОПИТНИТЕ кои што ќе се најдат во БЛИЗИНА да ја набљудуваат играта, зашто во изманичката банда има и ЏЕБЏИИ – ОГРАБУВАЧИ кои ја користат мешаницата-турканицата за ограбување на луѓето што ќе се најдат таму.

Значи, единствена безбедна опција за обичниот граѓанин е ИГНОРИРАМ, односно БОЈКОТИРАМ!

Кој мисли поинаку или е НАИВНА ЖРТВА, или дел од изманичко-манипулаторска група „КИБРИТЧИИ“.

Од фејсбукот на презвитер Ивица Тодоров.

loading...