Владата ќе потроши 670 илјади евра за цвеќиња и хортикултурно уредување

АКЦИЈА
loading...

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа. Проценетата вредност на истиот изнесува 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

Услови за кандидатите што ќе се пријават на конкурсот е да имаат минимум 7 милиони денари вкупни приходи во последните три години (2015, 2016 и 2017 година). Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Нетпрес

loading...